16.12.2022 Скопје
Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека граѓаните нема да имаат ценовен шок на 1 јануари 2023 година во однос на цената на струјата, а оние граѓани коишто најмалку трошат, коишто најмногу заштедиле, а тоа се во првите два тарифни блока смета дека нема да имаат зголемување.
Ковачевски, воедно, посочи дека во формирање на цената на струјата учествуваат повеќе влезни ценовни параметри за на крај врз нивна основа, како и врз основа на влезните квантитативни параметри од МЕПСО, од ЕВН и од ЕСМ, а Регулаторна комисија за енергетика е таа која треба да ја определи финалната цена.
Кога се определува финална цена на електричната енергија за граѓаните и за малите потрошувачи, посочи дека ЕСМ според закон имаат обврска да снабдат 60 проценти од регулираниот пазар, а со одлука на Влада се задолжени 100 проценти да го снабдат и тоа го прават.
На повикот на ЕВН Хоме за набавка на електрична енергија за регулираниот пазар за количини од 2.043.095 мегават часови за периодот од јануари до јуни 2023 година АД ЕСМ се пријави со понуда од 56 место досегашните 48 евра за мегават час.
Подготвено од А.Ѓ.