28.12.2022 Скопје
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски соопшти дека во првите шест месеци од следната година, граѓаните на Куманово бесплатно ќе го користат јавниот превоз во градот.
Според Димитриевски, оваа одлука ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж во центарот на градот и намалување на загадувањето на воздухот.
Максим Димитриевски истакна дека Советот на Општина Куманово го прифатил неговиот предлог и едногласно била донесена одлука за субвенционирање на јавен линиски превоз во наредните шест месеци со тенденција да продолжи и во иднина.
Димитриевски додаде дека дополнително ќе се стреми за да се унапреди и нивото на услуга во јавниот линиски превоз во Куманово, и да се стимулираат што е можно повеќе граѓани да користат јавен превоз за сопствените потреби.
Подготвено од М.Н.