30.12.2022 Скопје
Директорот на јавното претпријатие за градски превоз, Александар Ѓорѓиев информираше дека Кавадарци ќе добие јавен градски и приградски превоз, односно дека ќе има две градски линии што ќе сообраќаат во текот на цел ден, на временски интервали од половина час.
Во приградскиот превоз ќе има четири линии, трипати дневно, ќе бидат опфатени сите села во близина на градот, како и линија до Росоман со селата во росоманска општина.
Ова претпријатие го опфаќа и превозот на ученици од сите средни и основни училишта во кавадаречка општина истакна градоначалникот Ѓорѓиев.
Градскиот и приградскиот превоз, планирано е да започне во месец февруари, се располага со осум возила од кои три нови и еден постоечки автобус, еден минибус и три комбиња за превоз на патници.
Подготвено од М.Н.