https://www.facebook.com/photo.php?fbid=841573050441377&set=pb.100037660703302.-2207520000.&type=3

27.12.2022 Скопје

Градоначалникот на српскиот град Пирот, Владан Васиќ, изјави дека има простор за оптимизам со оглед на тоа што во индустриската зона била поставена уште една мобилна станица за мерење на квалитетот на воздухот.

Васиќ појасни дека граѓаните можат да го проверат квалитетот на воздухот и концентрацијата на амонијак преку веб-страницата pirot.kosava.net.

За квалитетот на водата, и за реката Нишава, Васиќ истакна дека според синоќешните податоци на Институтот за јавно здравје кај Бела Паланка се забележува пад на концентрацијата на амонијак.

Доколку продолжат ваквите оптимистички прогнози, очекувам да ја укинеме препораката за затворање на училиштата, како и да почнат да работат работните организации, истакна Васиќ, и додаде дека вонредната состојба нема да се укине се додека не се отстрани сиот товар од шините и околината.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *