22.12.2022 Скопје

Онлајн-платформата на Google за тимска работа и за деловни субјекти Google Workspace почна со бета-тестирање на новиот софтвер за енкрипција на комуникациите и пораките од еден краен корисник до друг краен корисник.

Засега оваа опција им се овозможува само на корисниците што се определиле што сакаат да бидат вклучени во тестирање на нови опции и алатки, а потоа ќе биде воведена како стандарден дел од онлајн-платформата за бизнис-корисниците. Идејата е да се обезбеди поголема тајност на комуникациите.

Корисниците и понатаму ќе имаат контрола врз енкрипциските (шифрирачките) клучеви и идентитет-опциите што даваат контрола врз овие клучеви.

Од Гугл уверуваат дека кога ќе се воведе алатката, чувствителните информации и податоци нема да може да бидат дешифрирани од серверите на Гугл.

Според центарот за поддршка, прозорецот на апликацијата ќе биде отворен до 20 јануари 2023 година, а откако корисниците ќе пристапат до функцијата, ќе можат да изберат да го вклучат дополнителното шифрирање со избирање на копчето за катанец при изготвувањето на нивната е-пошта. Но, штом ќе се активираат, некои функции ќе бидат оневозможени, вклучувајќи ги емотиконите, потписите и паметното пишување.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *