globalna recesija

28.12.2022 Скопје

Според Центарот за економија и бизнис истражувања, светот ќе се соочи со рецесија во 2023 година, повисоките трошоци за задолжување насочени кон справување со инфлацијата предизвикуваат пад на голем број економии.

Британската консултантска компанија во својата годишна табела на Светската економска лига објави дека глобалната економија има надминато 100 трилиони американски долари за првпат во 2022 година, но ќе застане во 2023 година, бидејќи креаторите на политиката ја продолжуваат својата борба против зголемените цени.

Кеј Даниел Нојфелд, директор и раководител на Одделот за прогнозирање во CEBR, истакна дека веројатно светската економија ќе се соочи со рецесија следната година како резултат на растот на каматните стапки, како одговор на повисоката инфлација.

Во извештајот се додава дека битката против инфлацијата сè уште не е добиена, очекувајќи дека централните банки ќе се држат до „оружјето“ во 2023 година и покрај економските трошоци. Воедно, се наведува дека трошоците за спуштање на инфлацијата на поудобни нивоа се послаби изгледи за раст за неколку години што доаѓаат.

Меѓународниот монетарен фонд, во октомври, предупреди дека повеќе од една третина од светската економија ќе се намали и дека има 25% шанси глобалниот БДП да порасне за помалку од 2% во 2023 година, што го дефинира како глобална рецесија.

CEBR ги зема своите базни податоци од Светската економска перспектива на ММФ и користи внатрешен модел за да го предвиди растот, инфлацијата и девизните курсеви.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author