19.12.2022 Скопје
Во Германија се појави проблем поради „црниот мраз“ кој се појавува на патиштата и тротоарите, поради што метеоролошката служба издаде сериозни предупредувања за опасни временски услови поради замрзнатиот дожд, кој предизвикува речиси невидлив слој мраз на земјата.
Замрзнат дожд со формирање на мраз најпрвин се појавил во западниот и северозападниот дел на земјата, а потоа се проширил и во централниот дел.
Поради опасното невреме, наставата е откажана во голем број области во Долна Саксонија (вклучувајќи ги Хановер и околината), Хесен, Рајнланд-Пфалц (Рајнланд-Пфалц), а наставата била делумно откажана и во областа Бад Кисинген.
Портпаролот на полицијата изјави дека низ целата територија на Германија се регистрирани голем број сообраќајни несреќи поврзани со временските услови, кои резултираа со неколку повредени и жртви.
Подготвено од М.Н.