https://www.facebook.com/AuswaertigesAmt/photos/pcb.5572562472840877/5572556522841472

06.12.2022 Скопје

На форумот во Њу Делхи за приоритетите на Германија во индо-пацифичкиот регион, шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок изјави дека Германија сака да соработува со Индија за да ја унапреди борбата против климатските промени.

Баербок истакна дека климатската криза е најголемата закана за овој век за сите во светот и ниту една армија не може да не заштити од оваа климатска криза.

Во четвртокот, Индија го презеде местото претседавач со Г20, група која ги опфаќа повеќето од најголемите светски економии. Мотото на претседателството е: „Една земја, едно семејство, една иднина”.

Мотото на Индија рефлектираше, како што истакна Баербок, „дека можеме да се соочиме со оваа иднина заедно само ако застанеме обединети како семејство“.

Како втора најнаселена земја во светот по Кина, Индија, по големина, е четврти производител на јаглерод диоксид. Земјата се повеќе се потпира на обновливите извори на енергија за раст, но и на јаглен. Во моментов, поголемиот дел од енергијата на Индија сè уште доаѓа од јаглен. Индија има за цел да стане јаглеродно неутрална до 2070 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author