https://vlada.mk/node/31439

16.12.2022 Скопје

Денеска, заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска имаше проштална средба со амбасадорката на
Сојузна Република Германија, Анке Холштајн.

Вицепремиерката Грковска ѝ се заблагодари на амбасадорката Холштајн за успешната соработка за време на нејзиниот мандат во Република Северна Македонија, како и за дадената поддршка на патот кон НАТО и Европската Унија.

Полноправното членство во Европската Унија останува стратешка цел за Република Северна Македонија. Имајќи го ова предвид, клучниот приоритет е реализација на ефикасни реформи кои ќе значат економска интеграција, консолидација на законодавството и институциите и владеење на правото. Република Северна Македонија останува на определбата да гради добрососедски односи и регионална соработка.

Вицепремиерката Грковска на амбасадорката Холштајн ѝ посака среќа во понатамошното работење во дипломатската кариера, уверена дека Германија ќе остане да биде силен поддржувач на нашата земја на патот кон Европската Унија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author