https://api.ndla.no/image-api/raw/1024px-flag_of_nato.svg_.png?

30.12.2022 Скопје

Од 1 јануари Германија ќе го преземе раководењето со Заедничката работна група со многу висока одговорност на НАТО (VJTF) и ќе стави во приправност неколку илјади војници подготвени по потреба да бидат распоредени каде што треба за само неколку дена.

На веб-страницата на НАТО се додава дека (VJTF) е создадена во 2014 година за да биде јадрото на зајакнатите сили за одговор на НАТО.

Германија го презема раководството на (VJTF) од Франција, која ја предводеше оваа НАТО група во 2022 година.

Раководството на (VJTF) секоја година ротира меѓу сојузниците, а во 2023 година оваа групација на НАТО ќе има околу 11.500 војници. Освен германски војници, ќе учествуваат и војници од Белгија, Чешка, Летонија, Литванија, Луксембург, Холандија, Норвешка и Словенија.

Подготвено од М.Н.

About Author