https://www.facebook.com/photo.php?fbid=537984051675375&set=pb.100063913547638.-2207520000.&type=3

12.12.2022 Скопје

Од Општина Центар информираат дека градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски кој има направено „нула“ денари трошоци за репрезентација, угостителски услуги и патувања во странство средствата ги пренасочува како еднократна парична помош за семејствата од социјален ризик во својата општина.

Во соопштението стои дека станува збор за средства во висина од околу 700.000 денари кои беа предвидени во општинскиот буџет за 2022 година и истите беа заштедени по овие основи.

https://www.facebook.com/photo/?fbid=542951617845285&set=a.308180314655751

Градоначалникот Герасимовски истакна дека Општина Центар има градоначалник кој целата измината година не трошеше за репрезентативни трошоци, ниту на оние непопуларни трошоци за кафеана, патувања во странство, но и службен автомобил затоа што тој е вљубеник на велосипедот и секојдневно го користи како превозно средство. Воедно, додаде дека овие негови практики имаат донесено заштеда во општинскиот буџет од околу 700.000 денари и во пресрет на новогодишните празници средствата ги прераспределува како финансиска помош за социјално загрозените семејства од неговата општина.

Герасимовски смета дека секој граѓанин заслужува достоинствено пречекување на празниците.

Од Општината потсетуваат дека Герасимовски уште пред стапувањето на функцијата вети одговорно и домаќинско работење и една година подоцна велат дека го исполнува тоа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author