14.12.2022 Скопје
Николај Габровски откако не доби подршка од бугарскиот парламент за да биде нов премиер изјави дека Бугарија ја пропушти единствена шанса да продолжи на поинаков начин во политиката.
Габровски беше назначен од ГЕРБ-СДС за премиер, а мнозинството во пленарната сала ја отфрли неговата номинација за премиер со 125 гласа „против“.
Според изјавата на Габровски, партиските интереси биле пресилни и затоа е добиен тој резултат при гласањето, но истакна дека е задоволен од она што се случи и ни за момент не жали за вложените напори.
Николај Габровски истакна дека се помалку е оптимист за тоа што и претстои на Бугарија и иако се одигра песимистичкото сценарио, ќе поминеме една година од избори до избори.
Подготвено од М.Н.