19.12.2022 Скопје
Колективот „Лекари за утре“ ги повика општите лекари повторно да штрајкуваат од 26 декември на „напорен и неограничен“ начин доколку не се исполнат нивните барања за зголемување на стапките за консултации на 25 до 50 евра. Просечната такса за консултации за приватен лекар во ЕУ е 46 евра.
Во врска со заканата од продолжување на штрајковите, министерот за здравство Франсоа Браун изјави дека без да го доведе во прашање правото на штрајк, повикува на одговорност бидејќи периодот помеѓу Божиќ и Нова Година е секогаш комплициран, оваа година уште повеќе поради тројната епидемија, мислејќи на грипот, Ковид-19 и бронхиолитисот. Воедно, додаде дека засега, сепак, дискусијата е отворена и продолжува.
Запрашан дали носењето маски е повторно задолжително, министерот рече дека тоа ќе зависи од вкупната стапка на вакцинација и како ќе се развива епидемиолошката состојба на трите болести.
Браун истакна дека задоволство е да се забележи зголемувањето на бројот на вакцинирани во последните десет дена и очекува напорите да продолжат, потенцирајќи дека со право им веруваат на Французите.
Министерот Браун, воедно, истакна дека на фронтот на Ковид-19, прогресијата на епидемијата е забавена во последните денови, а слично и епидемијата на бронхиолитис, додека пак грипот силно напредува.
Подготвено од А.Ѓ.