05.12.2022 Скопје
Францускиот претседател Емануел Макрон, за време на телефонскиот разговор со ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани, изјави дека Франција е загрижена поради зголемените тензии на Блискиот Исток и е подготвена да го поддржи Ирак доколку биде загрозен неговиот суверенитет.
Елисејската палата соопшти дека францускиот претседател во вчерашниот разговор со Судани уште еднаш повторил дека Ирак може да смета на поддршката на Франција доколку се соочи со закани и напади врз неговиот суверенитет и стабилност, како и во борбата против тероризмот.
Двајцата лидери се согласија, со вклучување на Јордан, да продолжат со подготовките за следниот самит во багдадски формат, на кој во Аман до крајот на оваа година ќе се соберат главните лидери од регионот и францускиот претседател, кој го покани ирачкиот премиер да ја посети Франција на почетокот на 2023 година.
Подготвено од А.Ѓ.