https://www.flickr.com/photos/130420633@N06/16007341428/in/photolist-qovNVj-2jEEPDD-2gaBojK-CnY92i-2n3sjwr-2mPsawz-2mKu53B-2hb8KR2-2nDBXAA-raw4QB-2jtC8hL-2kWW11s-2khgULb-A6CnFU-GoMRPR-HzawKA-yCebAk-2nTU9k2-2nJ3BFe-2mov9NV-2nZjnzr-9W1ahq-HDptat-2kBic7B-2n1pk4f-2gjAvY4-2g5n28V-2neTNxw-2gntzsZ-JSW3HE-2nGEJU4-2nCwqdu-2o1zjZU-2kHbNtY-2jJiAgC-2ag5nt9-rLic5j-qYUouK-2dLsZRB-NaY3cV-2iirhke-2nZdyrS-2nTWHcE-2fMZeDq-2nKVjM1-ThHW8j-2iyfYKr-2hb8KRs-ViicLm-2jJizDR

12.12.2022 Скопје

Германскиот производител на автомобили Фолсваген ја одложи одлуката за локација на нова гигафабрика за батерии за електрични автомобили во Источна Европа „во услови на енергетска криза и висока инфлација“.

Чешкиот огранок на Фолксваген, Шкода Ауто во октомври објави дека очекува неговата матична компанија да донесе одлука за локацијата до крајот на годината.

Чешката новинска агенција ЧТК објави дека одлуката ќе се одложи за неколку месеци, додавајќи дека Чешка, заедно со Унгарија, Полска и Словачка, е меѓу анализираните локации за фабриката што треба да започне со производство на батерии во 2027 година.

Новата фабрика за батерии на Фолсваген во Источна Европа ќе биде четврта од вкупно шест планирани во Европа до крајот на деценијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author