Image by jcomp on Freepik

14.12.2022 Скопје

Финска најави дека планира да ги зголеми залихите на жито како одговор на глобалниот недостиг на жито предизвикан од војната во Украина, што се очекува да ја наруши безбедноста на храната следната година.

Во соопштението објавено во понеделникот, Националната агенција за итни случаи ги објави плановите за зголемување на залихите на овес, пченица и јачмен како подготовка за можен недостиг и подобрување на подготвеноста.

Со ова, залихите би требало да бидат достапни за потрошувачка осум и пол месеци наместо сегашните шест.

Плановите на Финска доаѓаат како одговор на проценката на Европската комисија дека залихите на жито во ЕУ може да се намалат за околу 20 отсто следната година, и верувањето, според директорот на агенцијата Јако Пека, дека руската војна во Украина и нарушувањата што таа ги предизвикува за глобалниот пазар на жито може да остане „предизвикувачки“ уште неколку години.

По неуспехот на земјоделските култури во Финска во летото 2021 година, се проценува дека нивото на жито е на најниско ниво во последните 10 години. Оттогаш ситуацијата е подобрена поради неодамнешната успешна жетва, што овозможува да се складира домашното производство.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author