https://www.facebook.com/footballfederationofmacedonia/photos/5818044531562340

15.12.2022 Скопје

Фудбалската федерација на Македонија испрати допис до Агенцијата за млади и спорт (АМС) со својот предлог за номинации во изборот за Спортисти на годината. Федерацијата се консултираше со селекторот Благоја Милевски, кој помогна во номинацијата.

Во изборот за Спортист на годината беа предложени капитенот на репрезентацијата Стефан Ристовски, како и носителите на играта Ељиф Елмас и Енис Барди. Во дописот, селекторот Милевски и ФФМ ги објаснија номинациите:

1.Стефан Ристовски – Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и освоеното второ место во групата; Придонес во одиграните бараж натпревари за СП 2022. Победа против Европскиот првак Италија и пласман во финалето од плеј-офот против Португалија; Придонес во одиграните натпревари за освојување на шампионската титула во хрватското првенство со Динамо Загреб и придонес во освојувањето на Националниот куп со Динамо Загреб; Придонес во одиграните натпревари за Динамо Загреб во УЕФА Лига на шампиони и пласман во групната фаза од УЕФА Лига на шампиони;

2. Елиф Елмас – Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и освоеното второ место во групата; Придонес во одиграниот бараж натпревар за СП 2022. Финале од плеј-офот против Португалија; Придонес во одиграните натпревари за Наполи (Италија) во УЕФА Лига на шампиони и пласман во групната фаза од УЕФА Лига на шампиони; Посветеност кон националниот дрес и секогаш во функција на тимот за репрезентативните натпревари во изданието од Лига на нации;

3. Енис Барди – Придонес во одиграните натпревари за македонската А репрезентација во квалификациите за СП 2022 и освоеното второ место во групата; Придонес во одиграните бараж натпревари за СП 2022. Победа против Европскиот првак Италија и пласман во финалето од плеј-офот против Португалија; Посветеност кон националниот дрес и секогаш во функција на тимот за репрезентативните натпревари во изданието од Лига на нации.

Минатогодишното признание за Спортист на годината беше одбран таеквондистот Дејан Георгиевски кој дојде до сребрениот медал на Олимписките игри во Токио минатото лето.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author