https://www.flickr.com/photos/markhodson/14856861681/in/photolist-oCRinB-bu95Xh-2kcGqxS-2miDmmt-2jkXmYo-6Aaiw2-GjN6Jb-6pqCEo-CkLuzV-RmDN2R-7otC9e-2kHtBtK-2nbJruf-2kT7DKW-UxG9CJ-2dZn4mQ-2jnag5p-2nuC3eG-uKC4cN-2dSyTnF-xVPZav-RjmPGR-2nBUy2u-2kwwgYQ-Xue8eN-2n3wJXL-XeiunJ-XX74xc-2hmZe88-2gUMnYj-F9ygHy-27Ezwyu-Z2jnYH-Frq2G8-2m9LPhn-2jnn94Y-Cws9qR-2fkPvkb-pZhU8b-FLYBgW-7aQp9p-7B2Rm1-4xB65T-AKucMf-5ahieh-m17ogM-R9MFrY-Lx8gkG-Gpe2vr-z984uq

18.12.2022 Скопје

На светските пазари курсот на европската валута во однос на доларот порасна, откако американските и европските централни банки повторно ги зголемија каматните стапки и најавија дополнително зголемување на цената на парите.

Истовремено, доларот ослабе за 0,4 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0585 долари. Курсот на доларот во однос на јапонската валута остана речиси непроменет на неделно ниво, на 136,60 јени.

По серијата зголемувања од 0,75 процентни поени, минатата недела ФЕД ги зголеми каматните стапки за 0,50 поени, на опсег од 4,25 до 4,50 отсто, и тоа е нивно највисоко ниво во последните 15 години.

Челниците на централната банка проценуваат дека крајната каматна стапка, на која ќе запре циклусот на зголемување на каматните стапки ќе достигне 5,1 отсто, додека во септември очекуваа 4,6 отсто, а тоа значи дека ФЕД и во следната година ќе ги зголеми каматните стапки за вкупно 0,75 процентни поени, во опсег од 5 до 5,25 отсто.

Лидерите на ФЕД очекуваат прво намалување на каматните стапки дури во 2024 година, и тоа само за еден процентен поен.

Минатата недела европските, швајцарските и британските централни банки ги зголемија каматните стапки за 0,50 процентни поени, а Европската централна банка најави дека ќе биде потребно дополнително значително зголемување на каматните стапки за да може да се потисне инфлацијата.

Подготвено од М.Н.

About Author