https://www.facebook.com/photo/?fbid=2895776663803128&set=a.291073959724407

16.12.2022 Скопје

Шефот на Европската агенција за одбрана Јиржи Седиви, изјави дека Европската Унија треба да започне заедничка набавка на оружје за да ги надополни залихите поради вооружувањето на Украина, бидејќи САД можеби нема секогаш да можат да ја заштитат Европа од закани.

Седиви тврди дека агенцијата е во преговори со европските производители на оружје за зајакнување на повторното производство, како и со членките на ЕУ кои размислуваат за заедничка набавка на воена опрема и муниција.

Садиви истакна дека САД несомнено ќе бидат преокупирани со азиско-пацифичкиот регион и нема да можат да обезбедат некои основни услуги како што се стратешки воздушен транспорт, извидувачки авиони, прецизно наведувани ракети и воздушна одбрана, и затоа е важно ЕУ да обезбеди кредибилно ниво на заштита на своите граѓани и територии.

Подготвено од М.Н.

About Author