16.12.2022 Скопје
Кошаркарот на Реал Мадрид, Валтер Таварес, постави нов рекорд во Евролигата.
Во дуелот против Жалгирис, играчот на „кралевите“ дојде до својата 318. блокада во елитното друштво и така стана „крал на блокадите“. Таварес е на првата позиција во овој статистички параметар, го помина претходниот лидер.
Пред него, врвот го држеше Брајан Данстон кој блокираше 317 наврати во дресот на Олимпијакос и Ефес. По него, следат Кајл Хајнс (295), Фран Васкез (249) и Алекс Тајус (222).
Таварес во Евролигата досега одигра 175 натпревари и во просек има 1,8 блокада по меч.
Подготвено од А.Ѓ.