https://cdni.russiatoday.com/files/2022.05/xxl/627a9d3d20302778ae27f941.jpg

15.12.2022 Скопје

Европската унија направи чекор напред кон стекнување независност од увозот на руски фосилни горива и диверзификација на снабдувањето со енергија и зелената транзиција, откако европратениците и Европскиот совет денеска постигнаа привремен договор за REPowerEU како дополнување на националните планови за обновување и отпор.

Двете комисии на Европскиот парламент кои преговараа успешно постигнаа договор кој е тежок дури 20 милијарди евра за мерките за заштеда на електрична енергија, производство на чиста енергија и диверзификација на снабдувањето.

Зигфрид Мурешан кој е еден од главните преговарачи на Европскиот парламент изјави дека успешно се завршени преговорите со Советот и дека главната цел која била ветена на крајот е постигната и ќе стапи на сила на почетокот на 2023 година.

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го поздрави планот за фер зелена транзиција во ЕУ и истакна дека посебно е среќна бидејќи ќе им се помогне на ранливите категории домаќинства и малите и средни претпријатија.

Од 20 милијарди евра грантови, преговарачите на ЕП обезбедија осум милијарди од аукциската продажба на емисиони единици во рамките на ЕТС, Системот на ЕУ за тргување со емисии на стакленички гасови, додека 12 милијарди ќе бидат доделени од Фондот за иновации.

Подготвено од М.Н.

About Author