gasovod druzhba

20.12.2022 Скопје

Министрите за енергетика на земјите-членки на Европската унија се договорија за ограничување на цената на гасот односно механизмот да се активира кога цената ќе достигне 180 евра за мегават час, и 35 евра повеќе од референтната цена на течниот гас за период од три последовни дена.

Унгарија беше единствена против утврдувањето на горната граница, Австрија и Холандија беа воздржани, а Германија го поддржа договорот.

За оваа одлука не беше потребен консензус туку е доволно квалификувано мнозинство, што значи дека мора да биде поддржана од 55 отсто од земјите-членки, односно 15 од нив, а кои сочинуваат најмалку 65 отсто од вкупното население на Унијата.

Чешката Република како актулен претседавач со ЕУ, на средбата дојде со нов предлог според кој механизмот би се активирал кога цената на гасот за период од три дена ќе достигне 188 евра за мегават-час.

Механизмот ќе може да стапи на сила од 15 февруари следната година.

Подготвено од М.Н.

About Author