30.12.2022 Скопје
Европската статистичка служба Евростат објави дека Европската Унија увезла играчки во вредност од 7,1 милијарди евра од други земји во светот, а најголем снабдувач била Кина.
Според податоците за 2021 година, извозот на играчки од ЕУ во земјите кои не се членки достигна третина од вредноста на увозот и изнесува околу 2,4 милијарди евра. Најмногу играчки доаѓаат од Кина, од која се увезени 83 отсто од играчките, многу повеќе од другите земји. Четири отсто биле увезени од Виетнам, а два отсто од Обединетото Кралство.
Околу една петтина од увезените играчки отишле во Германија (19 отсто), Холандија 17 отсто и Франција 11 отсто. Најголема извозна дестинација беше Обединетото Кралство, каде што ЕУ извезла 27 проценти од играчките. Следуваат Швајцарија (12 проценти) и САД (11 проценти). Третина од играчките извезени од ЕУ се произведени во Чешка (34 отсто), 21 отсто во Германија и седум отсто во Белгија.
Подготвено од А.Ѓ.