https://www.flickr.com/photos/23426098@N06/5234595593/in/photolist-8YyEUa-psMJMr-528YEF-M9oPQx-adYKt6-b4hFr8-qpxste-2iKpNJk-M9oQAk-2efhHr7-LYAKo9-ec8Yi1-5QpmZi-268rtpt-daH8p8-ebPdxT-bsXLbx-ec7nP3-4G6A6E-2kBGGnd-daH9Dg-835Rxv-uXVQ3K-2kzPbRP-2efhHCj-2fmcDZa-2kSLUpf-LcfrEK-2jPNNF1-4G6zs5-4wAbcv-rAw5eX-YUdu3R-qRPJa7-MdapEn-2fgx8H9-24JDtBx-6AZ2X4-NebjmF-24JDtHp-awbxhE-daHdgA-2fgx8NE-2hQ7oVE-LcfqYz-QjwtP-2g2nrtm-2jxusrz-2abXWpY-boKCYC

28.12.2022 Скопје

ЕСМ Продажба потпиша договор за снабдување со природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останатите потрошувачи на природен гас во Македонија, во прв ред за поголемите производствени и услужни капацитети. Договорот е потпишан со фирмата Balkan Utilities од Бугарија, за испорака на природен гас за месец јануари по цена од 115,97е/MWh.

Потрошувачите на природен гас во државата потребно е да се обратат до ЕСМ Продажба за понатамошно снабдување за своите потреби од 1.1.2023г, соопшти ЕСМ.

ЕСМ Продажба на 23 декември годинава објави јавен повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количина на природен гас.

Дополнително беше испратена директна покана за понуда до сите активни лиценцирани фирми за трговија и снабдување со природен гас во државата, се вели во соопштението од ЕСМ.

Подготвено од М.Н.

About Author