
29.12.2022 Скопје
Манчестер Јунајтед го совлада Нотингем Форест со 3-0 во првиот натпревар по заминувањето на Кристијано Роналдо.
Искусниот Данец Кристијан Ериксен ја коментираше ситуацијата со португалскиот ас, кој поради малата минутажа изрази незадоволство и си замина од „Олд Трафорд“.
„Жал ни е што Роналдо повеќе не е со нас, неговото наследство и име се посебни во секој клуб, а јас сум почестен што имав можност да играм со него во мојата кариера. Сепак, фудбалот продолжува. Веќе по следниот натпревар луѓето забораваат што се случило претходно“, изјави Ериксен.
„Црвените ѓаволи“ во последниот ден од годината ќе се судрат со Вулверхемптон (31 декември во 13:30 часот).
Подготвено од А.Ѓ.