https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/2/2e/Air_India_A320neo_%28VT-EXG%29_%40_DXB%2C_June_2019.jpg/1024px-Air_India_A320neo_%28VT-EXG%29_%40_DXB%2C_June_2019.jpg

12.12.2022 Скопје

Авиокомпанијата „Ер Индија“ е блиску до реализација на голема нарачка на 500 авиони вредни десетици милијарди долари од „Ербас“ и „Боинг“, во амбициозни напори за обновување под конгломератот Тата Груп.

Западните медиуми, повикувајќи се на добро информирани извори, јавија дека нарачките вклучуваат 400 авиони со тесно тело и 100 или повеќе широки тела, вклучително и десетици авиони „Ербас А350“ и „Боинг 787“ и „Боинг 777“.

Се проценува дека нарачката би можела да надмине 100 милијарди долари и да стане најголема досега од една авиокомпанија по број на авиони, засенувајќи ја комбинираната нарачка од 460 авиони на „American Airlines“ од „Ербас“ и „Боинг“ пред повеќе од една деценија. Дури и по очекуваните значителни попусти, договорот ќе биде вреден десетици милијарди долари и ќе ја затвори нестабилната година за големите производители на авиони.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author