https://www.flickr.com/photos/yabtdc/52144862364/in/photolist-2nrS3T7-2mPUNth-2cgXohs-2niRbrv-2nzbVYq-skrnPy-2nCVyWi-2kGtPoy-2kGtQew-2n4et5x-2kGqfVa-2n2SDUb-2n2XzFL-2nkF98x-skrnUJ-2nCVk4A-2nnRqwy-2nnQduM-2nnQm6f-2mxrxmp-2nnJXjs-2kGurXm-2kGqfsm-2kGur23-2kGqfxw-2nDbqiW-2kGqgrq-2kGurCy-2kueVT7-2nmQPMd-2nKLN7P-K7jnJS-2nCQwJ3-2nCVcW2-2kGusdr-2kGqgFd-2kGtQQG-2kNqQAL-2myEfX4-2kNut5u-Rf7J9j-2nCWLpE-2nCXUFZ-2nCQsgR-2nNsEJf-2nCVvzA-2n4qGER-2nCWLuz-2n4oMXZ-2nCQtDa

23.12.2022 Скопје

Американскиот државен секретар Ентони Блинкенкој планира да ја посети Кина на почетокот на 2023 година, и изјави дека ќе побара од Кина да ја охрабри Северна Кореја да учествува во преговорите, поради тензиите кои неодамна се зголемија со серија севернокорејски ракетни проби.

Според Блинкен, Северна Кореја сега не е на тој пат, но останува можноста Кина да одигра улога во придвижувањето на работите во таа насока бидејќи Кина е еден од ретките сојузници на Северна Кореја, иако вистинското влијание што Пекинг може да го има врз режимот на Ким Џонг Ун е прашање што ги подели експертите.

Ким Џонг Ун неколку пати се сретна со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, каде со разговори ги намалија тензиите, но не доведоа до долгорочен договор.

Северна Кореја не беше отворена за разговори со претставници на пониско ниво во администрацијата на Бајден, а неодамна тестираше интерконтинентална балистичка ракета способна да стигне до американскиот континент.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *