zima sad

25.12.2022 Скопје

Екстремно ниските температури извршија голем притисок врз енергетските системи низ земјата поради големата побарувачка за греење и оштетувањето на линиите за снабдување предизвикани од невремето. Овие нарушувања ги превртеа празничните навики и плановите на милиони Американци за време на најпрометниот период на патување во годината.

Според системот за следење летови FlightAware, повеќе од 2.500 летови беа откажани во саботата, по 5.000 во петокот.

Американските медиуми јавуваат дека најмалку 16 лица загинаа во сообраќајни несреќи предизвикани од временските неприлики, а стотици останаа заробени на замрзнати и завеани патишта.

Во саботата, Минеаполис беше најстудената точка во Америка и беа измерени минус 21 степен. На божиќното утро најстудено место е Фарго, Северна Дакота со речиси минус 30 степени.

Екстремните временски услови ги принудија властите ширум земјата да отворат центри за затоплување во библиотеките и полициските станици за да ги заштитат бездомниците.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author