03.12.2022 Скопје
Студија објавена завчера на Светскиот ден против СИДА, покажа дека експерименталната вакцина против ХИВ создала антитела кај мала група испитаници во првата фаза од студијата.
CNN пренесува дека е потврдено дека две дози од вакцината, дадени со разлика од осум недели, можат да предизвикаат имунолошки одговор против ХИВ.
Резултатите беа објавени во научното списание Science, а вакцината се покажа како успешна кај 97 проценти од испитаниците, односно сите до еден, бидејќи ги имаше 36.
Во студијата се истакнува дека учењето како да се индуцираат антитела против патогени со висока антигенска разновидност, како што се ХИВ, грип, хепатитис Ц или вируси од семејството на бета коронавируси, е голем предизвик.
Меѓународната иницијатива за вакцина против СИДА го објави почетокот на оваа прва фаза клиничко испитување во 2018 година за да се оцени безбедноста на вакцината наречена eOD-GT8 60mer. Испитувањето опфати вкупно 48 здрави возрасни лица на возраст меѓу 18 и 50 години, кои беа запишани во две институции: Универзитетот Џорџ Вашингтон во Вашингтон и Центарот за рак Фред Хачинсон во Сиетл.
Меѓу учесниците, 18 примиле доза од 20 микрограми вакцина и осум недели подоцна истата доза на вакцина, 18 примиле 100 микрограми вакцина и осум недели подоцна доза на вакцина со иста големина, а 12 примиле две дози од солен плацебо со разлика од осум недели.
Истражувачите собирале и анализирале имунолошки клетки од крвта и лимфните јазли на учесниците во текот на студијата. Конкретно, тие испитуваа како Б-клетките, тип на бели крвни зрнца кои создаваат антитела во имунолошкиот систем, реагираат на вакцината. Не беа откриени сериозни несакани ефекти и ниту еден учесник не доби ХИВ за време на студијата.
Околу 97%, или сите освен еден, од 48-те учесници во студијата пријавиле локални или системски несакани ефекти кои биле генерално благи или умерени, како што се болка на местото на инјектирање, малаксаност и главоболка. Овие симптоми престанаа во рок од 1-2 дена.
Минатата година, повеќе од 38 милиони луѓе живееле со ХИВ или СИДА ширум светот. Во тек се повеќе од 20 клинички испитувања на вакцини за ХИВ, објави Меѓународната иницијатива за вакцина против СИДА.
Подготвено од А.Ѓ.