tumor na mozok

14.12.2022 Скопје

Мало пилот-тестирање на терапија за пациенти со лимфом на мозокот и/или ‘рбетниот мозок покажало позитивни резултати.

Керон Џејкобсон од Институтот „Дана-Фарбер“, која го водела испитувањето, изјави дека за многу пациенти со ваков рак нема многу опции за третман. Воедно, додаде дека првите резултати покажуваат дека зголемувањето на употребата на химерни антигенски рецептори може да ги подобри резултатите кај пациентите.

Лимфомите најчесто се агресивни тумори кои може да се прошират на мозокот или ‘рбетниот мозок откако се појавиле на друго место од телото и истите најчесто се тешки за лекување и пациентите не преживуваат повеќе од две години.

Химерните антигенски рецептори, односно ЦАР-Т клетки, се генетски променети за да ги уништат туморите во други терапии за видови лимфоми. Џејкобсон и нејзините колеги, сега, почнале да тестираат ваков третман за лимфоми на мозок и ‘рбетен мозок.

Во испитувањето биле вклучени само 9 пациенти, но кај 78 отсто од нив туморите се намалиле или исчезнале по третманот. Кај вкупно 67 отсто од пациентите туморите исчезнале.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author