18.12.2022 Скопје
Министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ изјави дека состојбата на Косово е напната и дека доволно би била само една искра за да ги разгори страстите и ситуацијата да пламне.
Вучевиќ истакна дека граѓаните треба да знаат дека Србија ќе остане доследна на политичкиот договор за да ги зачува мирот и стабилноста, и дека никогаш нема да дозволат нова бура со која ќе бидат загрозени нивните животи.
Министерот за одбрана Вучевиќ исто така истакна дека Србија ќе остане цврста и истрајна во барањето за враќање на дел од полицајците и војниците во Косово, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Подготвено од М.Н.