mvr pretres tabanovce

27.12.2022 Скопје

Од МВР до ОЈО е поднесе кривична пријава против 12 лица за „злосторничко здружување“, „примање поткуп“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Од МВР соопштија дека станува збор за лицата И.Н.(47), А.А.(41), Н.П.(40), Д.К.(43), В.Ф.(39), Х.К.(29), М.Ј.(28), Ф.К.(23), Ф.И.(36), А.Д.(28), Ј.Н.(38), сите од Куманово и А.С.(24), од Кратово, кои биле вработени во Полициска станица за гранични проверки „Табановце“ при Регионалниот центар за гранични работи Север.

Членовите на оваа организирана криминална група активно дејствувале на „Табановце“ од септември 2020 година како злосторничко здружување, при што за одредена парична награда, подароци и поволности кои ги добивале од лицата кои ја преминувале државната граница, координирано не преземале службени дејствија кои биле должни да ги преземат, при што се стекнале со голема противправна материјална и имотна корист. Секој член на оваа криминална група имал точно определена улога, при што И.Н., А.А. и Н.П., со умисла ги поттикнувале полициските службеници Д.К., В.Ф., Х.К., А.Д., Ф.К и Ф.И. да вршат кривични дела, овозможувајќи им полесно функционирање, заштита од контроли и проверки и други поволности при работењето, а од коруптивните кривични дејствија добивале соодветен процент од „заработката“ во текот на денот. Кај пријавените А.С., Ј.Н. и М.Ј., пак, при извршените претреси е пронајдена одредена сума на парични средства која не смееле да ја поседуваат додека извршуваат работни задачи во кабината за гранични проверки, при што го сториле кривичното дело „примање поткуп“.

При претресите извршени на 25.12.2022 по Наредба од Судија на претходна постапка, во нивните домови останати поростории и возила, пронајдени и одземени биле вкупно 16.413 евра во различни апоени, 219.195 денари, 60 швајцарски франци и 375 српски динари. Најголема количина пари биле пронајдени при претресот кај Х.К., односно вкупно 15.885 евра и 30 швајцарски франци. Исто така, при претресите беа пронајдени и 23 парчиња муниција од 9 милиметри, подароци и други предмети кои ќе бидат користени во кривичната постапка“, соопштија од МВР.

Подготвено од М.Н.

About Author