12.12.2022 Скопје
Министерството за образование и наука соопшти дека дистрибуцијата на учебниците за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование се одвива согласно однапред утврдената динамика.
Во тек е испораката на учебници согласно последниот од вкупно четирите потпишани договори за учебници за прво, второ, четврто и петто одделение и таа ќе се заокружи во следните денови. Над 90 отсто од учебниците се испорачани, односно околу 235 илјади учебници се веќе предадени на учениците од овие одделенија.
До крајот на првото полугодие ќе бидат дистрибуирани сите учебници.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири очекува сите одобрени учебници пред завршување на учебната година да се достават кај учениците.
Шаќири, на денешната прес-конференција во Владата по повод претставувањето на Предлог-буџетот за 2023 година за МОН, истакна дека учебниците кои имаат забелешки од Бирото, од рецензентите, од Националниот совет, од другите тела, како што ќе завршат и тие ќе се доставуваат, воедно очекува процесот на дистрибуција да даде добри позитивни резултати до крајот на оваа учебна година. Исто така, додаде дека околу 230 илјади учебници се доставени кај учениците остануваат да се достават околу 90 илјади.
Затоа што ќе преземе МОН во врска со случаите со булинг во учулиштата, министерот истакна дека сите во општеството треба да преземеме активности во овој процес. Воедно, потенцира дека пораките што треба да се испратат е да се стави крај на булингот и сите други дискриминации кои ни се случуваат, заради тоа што сите ние на овој свет доаѓаме исто и сте сме изедначени, да нема разлика помеѓу едните или другите.
Подготвено од А.Ѓ.