https://www.flickr.com/photos/jenniferboyer/6042786929/in/photolist-acYS2x-2jA9hXn-2juceHq-2mJENeV-2mJwfyn-MMr8dY-2kpiBF4-5TRqvq-2ksyHcM-2jyY2VD-AjwgaN-2jyL92r-2kiEcsm-fNvhSx-7JnZBs-2mmrcP2-2jAd3Lm-2hfvDfA-2mmrfbm-zfSJqE-nH1YVZ-2hfpyoY-39XwZi-5ntrxp-ddBebH-2hccfrw-2mmhkmM-2iYQEHs-2kuoVWA-2hfvDi6-bdDWM-6odLyf-2i1AADj-B9AkAc-ijiiLN-2mmhiYG-2mmmdCs-CVFFf-2naKmbE-2mmrbuP-Gx6dcL-ktfXjj-2mmre3p-ku68a6-2kukgXs-5Fco6w-2mmhjXa-29eP43p-cfpHjC-2mmmb4z

01.12.2022 Скопје

Мајкл Марфи, американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, најави дополнителна финансиска поддршка од неговата влада за вооружените сили на Босна и Херцеговина кои со години се соочуваат со хроничен недостиг на пари од државниот буџет.

Во пораката објавена на Твитер профилот на Амбасадата на САД, Марфи ја честита годишнината од формирањето на обединетите вооружени сили на Босна и Херцеговина, создадени во 2006 година со спојување на претходните армии на ентитетите. Оваа интеграција беше извршена со силен притисок на меѓународната заедница, особено на САД, а Босна и Херцеговина доби обединета армија составена од околу десет илјади професионални војници, подофицери и офицери и околу пет илјади членови на т.н. активни резерви.

Американскиот амбасадор истакна дека нема земја која инвестирала повеќе од САД во поддршката на вооружените сили на Босна и Херцеговина.

Буџетот со кој располага Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина и нејзините вооружени сили со години е под 300 милиони конвертибилни марки или 150 милиони евра.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *