https://www.freepik.com/free-photo/honey-jar-with-lemon-ginger_4290157.htm#query=lemon%20ginger%20and%20honey&position=18&from_view=search&track=sph

04.12.2022 Скопје

Кашлица или настинка? Ѓумбирот е вреден во зима. Пробајте домашен сируп кој прво ќе ви помогне да се изборите со настинките.

Поради своите својства, ѓумбирот се рангира меѓу природните антибиотици. Не само што помага во борбата против бактериите одговорни за инфекции, туку може и да ја ублажи болката и воспалението на горниот и долниот респираторен тракт.

Во периодот на есен и зима надвор станува постудено и тоа значи одличен тест за нашиот имунитет. Штом дојде настинката, потпирајте се на домашен сируп за кашлица со додаток на ѓумбир. Ова е начин за природно зајакнување, но во исто време брз и сигурен, имунолошкиот систем.

За да го подготвите сирупот ќе ви требаат околу 5 см корен од ѓумбир, лимон, течен мед и чаша вода.

Најпрво, излупете го ѓумбирот и исечете го на парчиња. Потоа, измијте го убаво лиммонот, отстранете ја кората и исечете го на коцки.

Во тенџере ставете ги двете состојки (ѓумбир и кора од лимон), покријте ги со вода и варете околу 10 минути.
Оставете да се излади, отстранете го ѓумбирот и кората од лимон и додадете ги медот и исцедениот сок од лимон.

Истурете го растворот во чаша, затворете и оставете го настрана 24 часа на темно, ладно место. Консумирајте по една кафена лажичка три пати на ден кога сте настинати. Да се чува во фрижидер.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author