04.12.2022 Скопје
Анализите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги покажуваат дека домаќинствата за 16,32 проценти ја намалиле потрошувачката на електрична енергија во скапа тарифа откако се воведени блок тарифите.
Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги соопштија дека 244 kWh изнесувала просечната потрошувачка на електрична енергија од 1 јули заклучно со 31 октомври во висока тарифа, што е за 16,32 проценти помалку во споредба со истиот период од минатата година кога просечната потрошувачка изнесувала 281 kWh.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги од 1 јули воведе четири блок тарифи со цел да испрати сигнал за рационално користење на електричната енергија. Првиот блок е до 210 kWh, вториот е од 211-630 kWh, третиот е во опсег од 631-1050 kWh и четвртиот е над 1050 kWh.
Подготвено од А.Ѓ.