https://www.flickr.com/photos/93482748@N02/13430164144/in/photolist-msM6Ud-2jCJU8W-2nYdXce-KwQcd-2nd4oiw-2mEErzJ-567iX6-bUK9o9-DY9i5-9ujmCF-6S81a6-7Li6po-5Txrr6-2bEHq4T-7LcAwU-4nbs3a-q1sggz-6EEaLn-6BX29a-2mSUg2x-LhY2J-2bYZwXi-214kG8X-2bMWh2u-2bEHpJz-a8BjYG-cnuBvG-5PzyLs-26cPo8L-BgqyEC-7SBcJc-WUcc7P-Hy7CYq-VEAVyB-WUch1r-WiKWQm-2ncj8T4-7pvoJ3-244d6UZ-2mU5J6f-sP22QE-959wvf-VEAXHr-WQvkJN-JPaa8d-VEAXh6-56Bb9X-VBZHiC-VEAZBX-azERGt

01.12.2022 Скопје

Многумина што немаат наполнето стаж од 15 години се разочарани дека нема да добијат пензија кога ќе ја исполнат старосната граница за одење во пензија, но Павле Гацов кој е сопственик на една од водечките компании за даночен, финансиско-сметководствен, правен и менаџмент консалтинг „Про Агенс“, објаснува дека законскатa регулатива упатува на кумулативност на условите за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж.

Од Министерството за труд појаснија дека врз основа на член 18 став 1 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, осигуреникот стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот (маж), односно 62 години живот (жена) и најмалку 15 години пензиски стаж, односно осигуреникот е потребно да ги исполнува и двата услова во согласност со законот за да може да го оствари правото на старосна пензија.

Според член 104 од Законот за работните односи, договорот за вработување работодавачот го прекинува кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку со друг закон поинаку не е утврдено, и со ова се појаснува дека, за да настане престанок на работниот однос, се предвидува истовремена исполнетост и на условот за возраст и на условот за пензиски стаж, што значи дека ако еден од нив не е исполнет, на работникот не може да му престане работниот однос.

Задолжително пензионирање со навршување 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, со исклучоци предвидени со посебен закон, е системско решение уште од 2001 година a еден период можеше, по желба на вработениот, да се одложи пензионирањето за три години, но тоа се измени со закон и практично се врати старото решение – пензија на 64 години, со стаж најмалку 15 години, а исклучоци се овозможија на наставен кадар во високото образование, во здравството и според Законот за внатрешни работи.

Подготвено од М.Н.

About Author