15.12.2022 Скопје
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски изјави дека сите дојави за поставени бомби во училиштата во државата се испратени од непозната ИП адреса надвор од државата.
Пендаровси нагласи дека дојавите стигнуваат од ИП адреси кои најчесто се од странство и до кои тешко се доаѓа, како и до луѓето кои се одговорни за овие закани и кои менанџираат со овие адреси.
Претседателот Пендаровски исто така посочи дека нема потреба од свикување на Советот за безбедност поради дојавите за бомби и додаде дека надлежните органи се максимално ангажирани и не допуштаат шанса некој да постави експлозивна направа во училиштата.
Подготвено од М.Н.