https://www.facebook.com/eastgatemall.mk/photos/a.147285783823454/346524487232915

09.12.2022 Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека утрово има нови дојави за поставени експлозивни направи во неколку средни училишта во Скопје.

Освен во училиштата, пријавено е и дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ова е втора дојава за бомби во училишта и институции во Скопје оваа недела. Во вторникот закани по меил добија девет средни училишта и Народна банка, за кои по полициската проверка беше утрдено дека биле лажни.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна изјави дека серијата дојави до скопските училишта и институции во изминатиот период се класичен пример за хибридни закани и оти се води истрага.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author