08.12.2022 Скопје
До крајот на месецов работодавците треба да го исплатат регресот за годишен одмор или познат како К-15.
Според економскиот експерт Глигор Ивановски, без разлика дали во моментов имаме економска или енергетска криза, ако нешто е предвидено согласно Законот, треба да се реализира од страна на работодавците. Посочува дека исплатата на регресот за годишен одмор е обврска предвидена и во Закон и во колективните договори.
Законската обврска на работодавецот е до 31 декември да ја намири обврската за исплата на К-15. Висината на регресот за годишен одмор произлегува од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и е дефинирана како минимален износ од најмалку 40 отсто од основицата за оние работници што го имаат исполнето условот за работа од најмалку шест месеци.
Подготвено од А.Ѓ.