16.12.2022 Скопје
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги соопшти дека од ноќеска на полноќ, малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 2 ипол денари за литар и ќе изнесува 80,5 денари за литар.
Покрај дизелот, поскапување има и кај Екстра-лесното масло за домаќинство и тоа за три денари, па од вечерва ќе се продава по цена од 78,5 денари за литар.
Истовремено, цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Мазутот, не се менуваат. Еуросупер БС-95 и понатаму ќе чини 76 денари за литар, додека цената на 98-ката останува 78,5 денари за литар.
Мазутот продолжува да се продава по цена од 39,37 денари за килограм.
Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги објаснуваат дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,282 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.