27.12.2022 Скопје
Покрај изборот за најдобрите на кошарката во Република Северна Македонија во земјава, па исто така се бираа и најдобрите во странство.
Ненад Димитријевиќ е одбран за најуспешен играч во странство. Плејмејкерот беше член на Валенсија, настапуваше со успех во АЦБ лигата и имаше солиднии партии. Сепак, ова лето Димитријевиќ се пресели во редовиите на Уникс Казан и бргу прерасна во лидер на руската екипа.
Како најдобар тренер надвор од Република Северна Македонија е прогласен Емил Рајковиќ, кој исто така работи во Русија. Рајковиќ ја презеде клупата на ЦСКА Москва, добивајќи го договорот на кариерата во овој европски гигант.
Двајцата сега се репрезенти на Република Северна Македонија во ВТБ лигата, каде што се натпреваруваат руските тимови по исфрлањето од евро-куповите.
Подготвено од А.Ѓ.