di marija

25.12.2022 Скопје

Никој не сака да престане да игра за националниот тим, откако Аргентина стана светски првак. По примерот на Лионел Меси, сега и Анхел Ди Марија се предомислува.

Анхел Ди Марија ќе продолжи да игра за репрезентацијата на Аргентина.

Според аргентинските медиуми, 34-годишниот играч од средниот ред на Јувентус нема да ја заврши кариерата во националниот тим. Анхел претходно изјави дека Светското првенство во Катар во 2022 година може да биде неговиот последен турнир во репрезентацијата.

Лионел Меси, исто така, сакал Ди Марија да продолжи да игра за Аргентина, а не се огласил Николас Отаменди.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author