19.12.2022 Скопје
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска изјави дека инклузивните градинки се цел на Министерството за труд и социјална политика и важни се и едукативните материјали наменети за сите деца.
Министерката Тренчевска донираше инклузивни сликовници со брајово писмо за децата со оштетен вид, кои се издадени од страна на Здружението на граѓани „Свет на Различни а Еднакви“.
Министерката Тренчевска, при посета на кумановската јавна детска установа „Ангел Шајче”, истакна дека заложбите на Министерството за труд и социјална политика за овозможување на пристап за секое дете во градинките се големи.
Тренчевска посочи дека секоја градинка е место за секое дете и дека тоа ќе продолжи да биде позитивната пракса и во новите градинки кои се во план да се изградат во 2023 година.
Подготвено од М.Н.