07.12.2022 Скопје
Витаминот К е малку познат, но критичен за неговите функции во нашите тела. Витаминот К е многу важен витамин кој е растворлив во масти заедно со витамин А, витамин Д и витамин Е. Тој е одговорен за правилното згрутчување на крвта, помага во одржување на здрави коски, ја поддржува срцевата активност и има ефект врз растот на клетките.
Каде се наоѓа витаминот К? Најмногу во зелка, јагоди или спанаќ.
Десетте намирници кои најмногу го содржат витаминот К се: зелката, скробната храна, односно компирите, карфиолот, јагодите, спанаќот (богат со вода и минерали како што се калиум и железо кои помагаат во борбата против заморот), доматите кои помагаат во одржувањето на чистотата на цревата, исто така и морковите, мешунките, јајцата кои содржат лутеин и зеаксантин кои имаат големи придобивки за здравјето на очите и ф’стаците.
Подготвено од А.Ѓ.