https://www.facebook.com/photo.php?fbid=160972312396654&set=pb.100054516578279.-2207520000.&type=3

10.12.2022 Скопје

Со дуелите меѓу Мароко и Португалија (16 часот) и Франција против Англија (20 часот), денеска завршува четвртфиналната фаза по што ќе бидат познати сите полуфиналисти на Светското првенство во Катар.

Пласман меѓу најдобрите четири репрезентации вчера обезбедија Хрватска и Аргентина.

Хрватска го совлада Бразил на пенали со 4-2, откако дуелот по регуларниот дел и продолженијата заврши 1-1.

Со подобро изведување пенали пласман обезбеди и Аргентина со 4-3 (2-2,1-0).

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *