https://www.facebook.com/chamber.mk/photos/a.234008259989861/234195019971185

14.12.2022 Скопје

Во организација на Друштвото на словенечки и македонски стопанственици и Стопанската комора на Република Северна Македонија по повод 30 години економска соработка меѓу двете држави, денеска во Скопје ќе се одржи форум на кој ќе учествуваат министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за стопанство и технолошки развој на Република Словенија, Матјаж Хан.

Министерот за економија на Република Северна Македонија Крешник Бектеши ќе се обрати на Панел дискусијата насловена „Стратешки области на соработка помеѓу двете економии”.

По завршувањето на словенечко-македонски форум за економска соработка се очекува взаемната подршка меѓу двете држави да биде уште посилна и економската соработка да продолжи со заедничка подршка меѓу двете држави.

Подготвено од М.Н.

About Author