15.12.2022 Скопје
Заменик – шефот на претставништвото на т.н. Народна Република Доњецк (ДНР) во Заедничкиот центар за контрола и координација на прашањата за воени злосторства во Украина, Наталија Шуткина, соопшти дека градот Доњецк утрово беше подложен на најмасовното гранатирање од 2014 година.
Според Шуткина, врз градот биле истрелани 40 ракети „Град“ и биле погодени централните области.
Шуткина истакна дека моментално работат на утврдување на штетата, која е многу голема, бидејќи регионот е густо изграден.
Подготвено од А.Ѓ.