https://www.facebook.com/photo.php?fbid=699964244828502&set=pb.100044447978953.-2207520000.&type=3

18.12.2022 Скопје

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино го нарече Светското првенство во Катар како „најдобро“ во историјата, така што можеби е прикладно што денеска на теренот ќе истрчаат двете најдобри репрезентации на светот, Аргентина и Франција, предводени од своите први ѕвезди, Лионел Меси и Килијан Мбапе.

Десетици илјадници Аргентинци на трибините, и многу неутрални фудбалски фанови би посакале Меси да го стави трофејот во својата богата колекција.

Од другата страна ќе биде Мбапе, кој ќе се обиде да стане вториот фудбалер по Пеле кој освоил две светски титули на само 23 години.

Француската репрезентација која се соочува со повредата на повеќе ѕвезди (Бензема, Канте, Нкунку…), Мбапе покажа дека иако не е најдобриот фудбалер на светот во моментов, сепак многу тешко е да го победите.

Мбапе, за разлика од Меси има и доста критичари, бидејќи многумина не се импресионирани од неговото однесување и проблемот со егото.

Подготвено од М.Н

About Author