https://www.facebook.com/photo.php?fbid=390738199901544&set=pb.100068961018275.-2207520000.&type=3

13.12.2022 Скопје

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 95-тата седница, на чиј дневен ред се 32 точки, меѓу кои и Предлог законот за извршување на буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година.

Покрај за овој законски предлог, кој ќе биде расправан по скратена постапка, пратениците ќе расправаат и за измените на законите за јавни претпријатија и за вработување и осигурување во случај на невработеност, за измени и дополнување на законите за заштита на населението од заразни болести, за данокот на личен доход и за ДДВ, како и за одликата за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници.

На денешната седница исто така на дневен ред, по скратена постапка, се и предлозите за младински додаток, за изменување на законите за патни исправи и за субвенциониран студентски оброк.

Пратениците на денешната седница ќе треба да ги разгледаат и предлозите за ратификација на неколку договори со ЕУ и со земјите од Западен Балкан и Југоисточна Европа, кои и за избор на член на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност.

Подготвено од М.Н.

About Author